Насловна
Одржани едукациите за безбедност на интернет и во Битола Испечати Е-пошта
bitola-intro-mala.png
 
Младинскиот културен центар од Битола реализираше серија едукативни средби за безбедно користење на интернетот од страна на децата кон крајот на изминатата учебна година. Беа опфатени средното училиште „Ѓорѓи Наумов“ и основното „Ѓорѓи Сугарев“. Едукациите се спроведоа на македонски јазик од страна на Дејан Додовски, но помогнаа и Ивона Крстевска и Александар Тодоровски. Со содржината на едукациите се запознаа вкупно 186 ученици од двете училишта, само 6 професори и 8 волонтери од центарот.

Сите едукации се спроведоа во текот на месец мај. Од средното училиште, учество на едукациите земаа 116 средношколци организирани во три едукативни средби. Од професорите, на закажаната средба дојдоа 8. Едукациите се одвиваа интерактивно, со проследување на стандардната презентација наменета за соодветната целна група, а беа поделени и сите предвидени материјали и евалуациони прашалници. Импресиите и на едната и на другата категорија на луѓе од одржаните едукации се позитивни.
 
bitola-2-mala.png
bitola-4-mala.png

Во основното училиште исто така беа организирани 3 едукации за ученици на кои присуствуваа вкупно 70 деца. Беше спроведена и една едукација за наставници, додека едукацијата за родители, како и во средното училиште не успеа да се реализира. Затоа пак, со темата се запознаа 8 волонтери од Младинскиот културен центар во Битола. Едукациите и во ова училиште се реализираа според предвидениот план и начин што подразбира презентација, интерактивност, делење на едукативни материјали и пополнување на евалуациони прашалници.
 
< Претходно   Следно >
Политика на приватност   Техничка имплементација - Фондација Метаморфозис
Joomla Templates by JoomlaShack Joomla Templates