|
Завршени едукациите во ОУ „26-ти Јули“ |
|
|

Во периодот од 12 до 26 мај, успешно се спроведоа едукациите за безбедно користење на интернет од страна на децата, во скопското основно училиште „26-ти Јули“. Едукациите ги реализираше Насер Мифтари, професор во споменатото училиште. Со едукативните презентации одржани во „26-ти Јули“, опфатени се 91 ученик, 23 наставници и 21 родител, што ја задоволува посакуваната бројка на учесници во едукациите во едно училиште.
Покрај споменатата бројка на ученици кои присуствувале на предвидените
едукативни презентации, содржината е пренесена и на останатите ученици
од вкупно 12 одделенија од ова училиште, чиј професор е Насер Мифтари.
Со овие дополнителни едукации, опфатени се уште околу 400 ученици.
Едукациите за учениците се спроведувани за време на класните часови,
додека за наставниците и родителите се искористени други термини со
времетраење од 40 минути. Едукацијата за заштита на децата на интернет
во ова училиште се спроведе на албански јазик.
|