Насловна
Почнаа едукациите во училиштата Испечати Е-пошта
По еднонеделните подготовки кои се случуваа во периодот од 12 до 16 мај, едукаторите кои беа обучени на претходно одржаниот семинар на тема „Заштита и безбедност на децата и нивните права на Интернет“, во рамките на истоимениот проект, оваа недела почнаа со спроведување на едукативните презентации во училиштата.

Досега, план за работа понудија следните НВО-ии: „Младински Образовен Форум“ (МОФ) и „Отворете ги прозорците“ од Скопје, „Центар за граѓанска иницијатива“ од Прилеп, „Младински културен центар“ (МКЦ) од Битола, „Пхурт “од Делчево, „Фондација за развој на локалната заедница“ од Штип и „Совет за превентива против малолетничка деликвенција“ од Кавадарци.  Покрај овие, во подготовки се и останатите НВО-ии кои со презентации треба да покријат уште 5 други градови од Македонија.

Во продолжение,  можете да го видите моменталниот план на едукаторите за спроведување на едукациите во својот град, при што за секое училиште и целна група се зададени договорените термини. Оваа листа е од освежувачки карактер, што значи ќе се надополнува со нови информации како тие ќе пристигнуваат.
 
 
< Претходно   Следно >
Политика на приватност   Техничка имплементација - Фондација Метаморфозис
Joomla Templates by JoomlaShack Joomla Templates