| Родителска контрола |
|
|
|
Софтверите за родителска контрола им овозможуваат на родителите да избираат игри кои нивните деца можат да ги играат, да дозволуваат апликации кои можат да ги користат и веб-сајтови кои смеат да ги посетуваат. Исто така, со помош на ваквите програми и алатки, родителите можат да специфицираат и временски периоди кога децата смеат да го користат компјутерот, а забраните да останат и кога тие нема да бидат дома. На тој начин, тие можат да бидат сигурни дека децата не си играат на компјутер, наместо да пишуваат домашни задачи.
За ваков тип на родителска контрола, можеби нема да имате потреба од дополнителен софтвер доколку ја користите актуелната верзија на Windows оперативниот систем – Windows Vista. Имено, сега родителите, благодарение на алатката Parental Controls која се наоѓа во Control Panel , можат да креираат посебни кориснички профили за нивните деца и тоа соодветни на нивната возраст и лични интереси. Притоа, како што детето расте, корисничките профили за користење на компјутерот може да се менуваат.Од оваа централна локација, можете да конфигурирате родителски контроли за вашиот компјутер. Доколку родителската контрола ви е исклучена, најпрво вклучете ја, а потоа веќе можете да го ограничите користењето на одредени апликации од страна на вашето дете, играњето игри, веб-сајтовите кои тоа може да ги посетува и колку време во текот на денот му е дозволено за сите овие активности. Што ако не користите Windows Vista и од било кои причини не сте подготвени да се префрлите на овој оперативен систем? Постојат навистина многу програми кои можат да ви помогнат во ограничување на активностите на вашите деца додека се онлајн, но меѓу нив има и такви за кои мора да се плати, како и такви кои се бесплатни, но не се доволно функционални. За да блокирате прикажување на непристојни содржини кои се дел од некои веб страници, потребен ви е филтер на веб-содржини. Доколку прелистувате со Internet Explorer, ваквиот филтер е дел од него и можете директно оттука да го конфигурирате. Појдете во менито Tools и оттука изберете Internet Options. Во јазичето Content можете да одредите кои сајтови смее да ги прелистува вашето дете, иако овој вграден филтер си има сопствен систем за рангирање на веб-сајтови. Доколку пак сте корисници на Mozilla Firefox, можете да се послужите со неколку проширувања кои можат да ви помогнат во некои важни работи од овој тип. Од менито Tools (Алатки) изберете Extensions (Додатоци) и кликнете на линкот за дополнителни проширувања (или едноставно следете ги линковите подолу). Ќе ви се отвори страница каде треба да ги побарате следниве:
Алтернативно, можете да се послужите со самостојниот бесплатен софтвер K9 Web Protection кој овозможува филтрирање на веб страници, додека за целосно филтрирање на интернет-содржини пробајте го бесплатниот Naomi.
Покрај блокирање на веб-содржините до кои можат да дојдат вашите деца, за да ги заштитите од опасностите кои се случуваат на интернет, понекогаш може да биде потребно и да го ограничите користењето на програмите со кои децата се служат за разни онлајн активности. Ваква намена има програмата ChatController која овозможува блокирање на пристапот до програмите за инстант комуникација кои се инсталирани на компјутерот и тоа според самата апликација, корисникот или периодот во денот. Иако сите овие совети и програми треба да ви помогнат во заштитата на вашите деца додека се тие онлајн, сепак основно што треба да направите пред да почнете да поставувате строги правила е да разговарате со нив. Треба да им објасните дека навистина постојат ризици кои можат да произлезат од неправилно користење на интернетот кои нив можат да ги доведат во опасност, па дури и да ја загрозат сигурноста и безбедноста на целото семејство. Секако, програмите за заштита на системот и оние за родителска контрола можат да ви помогнат многу, но основно е она што ќе го направите во насока на едукација на вашите деца и развивање на нивната свест во правилна насока. Во табелата подолу е направен избор на уште неколку алатки кои можат да ви помогнат во остварувањето на оваа цел.
|
|||||||||||||||||



