| Испечатен постер со Повелбата за правата на децата на интернет |
|
|
Деновиве од печат излезе постер кој ја содржи Повелбата за првата на децата на интернет и се обраќа директно на децата и тинејџерите, потенцирајќи ги нивните основни права на интернет.
Постерот е испечатен на македонски и на албански јазик и неговата цел е
да им ги предочи и да им ги направи достапни правата на децата на
интернет на сите деца кои користат интернет во училиштата или интернет
клубовите низ Македонија.
Постерот ќе биде дистрибуиран низ основни и средни училишта ширум
Република Македонија, но ќе биде истакнат и во дигиталните клубови на
Метаморфозис, чии најбројни корисници се токму децата и младите.
Тука можете да го преземете постерот на македонски и на албански јазик.
|
| < Претходно | Следно > |
|---|

