| Електронска пошта (e-mail) |
|
|
|
Partygirl е всушност возрасен маж…
Кога имав 16 години имав доста проблеми со пријателите од маало и од училиште.. Затоа поминував многу време онлајн, разговарајќи со непознати луѓе преку интернет и ми беше ок.. Но, после некое време ми се случи нешто непријатно и престанав да го правам тоа.. Поминувајќи многу време на интернет, запознав една девојка која користеше прекар “Partygirl”. Се сеќавам дека првите 4 реченици што ги разменивме ни беа: „каде живееш?“, „колку години имаш?“, „дали си сам?“ и „што имаш облечено?“.. Така почна.. Продолживме да разговараме за се и сешто. Откако подолго време разговаравме така, а и преку имејл, си разменивме и фотографии, сосема нормални фотографии.. После еден месец комуницирање по имејл и чет, се договоривме да се видиме во живо. Си помислив дека може да биде ОК и се договоривме да се сретнеме на Централната станица. Отидов таму со роза и нејзина фотографија за да можам полесно да ја препознаам. Ми пријде еден маж. Ми кажа дека и е дедо или така нешто.. Беше ситен и изгледаше фино. Откако подразмислив го прашав: „Што знаете вие за мене?“ и тој знаеше навистина премногу.. Тогаш побегнав.. “Partygirl” никогаш повеќе не ми се обрати. Сега од оваа дистанца ми е сосема јасно што сакаше тој човек од мене.. Но, што да правиш кога мислиш дека некого познаваш затоа што долго време разговараш со него на интернет?! Внимавајте луѓе!
|


