| Истражување за навиките на интернет кај децата |
|
|
|
Опфатените теми се поврзани со приватноста и безбедноста на интернет, користењето мобилни телефони, играњето онлајн игри, четувањето, сајбернасилството, како и општите интернет навики. Во истражувањето учествуваа 517 ученици на возраст од 9 до 14 години, од локалните основни училишта во посетените градови. Ова е второ проширено истражување на Фондацијата Метаморфозис кое е изведено на поголем, нерепрезентативен примерок за територијата на Република Македонија, по првото мини истражување кое беше спроведено на помал примерок од 50тина ученици. |
| Следно > |
|---|


За време на посетите на 8 градови во
Република Македонија, вклучително Скопје, Тетово, Гостивар, Битола,
Велес, Дебар, Неготино и Штип, во јуни 2011 година, при што се одржаа проекции кратките едукативни филмови и презентација на онлајн игри изработени како дел од проектот, беше спроведено истражување за навиките на
интернет кај децата.
