Насловна
Проекција на кратки едукативни филмови во Тетово, Гостивар, Битола и Дебар Испечати Е-пошта

opme-vtori_obuki.jpg По одржаните проекции во Скопје, Штип, Велес и Неготино, оваа недела кратките едукативни филмови изработени во рамките на проектот „Приватност на интернет на лесен начин“ беа прикажани во Тетово, Гостивар, Битола и Дебар.

На 6 јуни, во 11 часот, во просториите на Лоја во Тетово, проекцијата ја проследија 50 ученици од основното училиште „Наим Фрашери“. Истиот ден, во 14 часот, се одржа проекција во Центарот на културата – АСНОМ во Гостивар, каде присутни беа околу 30 ученици од основното училиште „Братство“.

opme-tetovo.jpg
opme-gostivar.jpg


На 7 јуни, во 11:30 часот, проекција се одржа во просториите на Младинскиот културен центар во Битола, каде беа присутни 40
-тина ученици од основното училиште „Гоце Делчев“. Завршната проекција се одржа на 8 јуни, во 13:00 часот во Дебар, во Домот на културата, каде беа присутни околу 130 ученици од основното училиште „Братство Единство“.

opme-bitola.jpg 
opme-debar.jpg


Со овие проекции, беа опфатени 8 градови низ Република Македонија, со што филмовите ги погледнаа над 470 ученици од 7-мо и 8-мо одделение, а материјали добија околу 20-тина училишта ширум Македонија.

 
< Претходно   Следно >
Политика на приватност   Техничка имплементација - Фондација Метаморфозис
Joomla Templates by JoomlaShack Joomla Templates