|
Обуки за интернет безбедност во Неготино |
|
|
 Во рамките на одбележување на Светскиот ден за побезбеден интернет (9 февруари) во ООУ Страшо Пинџур во Неготино во текот на месецот се одржа обука за учениците и родителите на оваа тема. Обуката ја реализираше Ѓорѓина Димова – наставник по информатика, служејќи се со материјалите достапни на веб-сајтот на Метаморфозис Безбедно на Интернет.
Најпрво беше реализирана обука за членовите на Советот на родители. Кај
нив темата предизвика огромен интерес од што произлезе предлогот оваа
обука да се прошири и за сите наставници.
Сега, во тек се обуките за одделенските наставници во училиштето
кои потоа ќе организираат слични настани за родителите на учениците од
своите одделенија.
|