|
Разумно онлајн: Долго лето, многу забава, но и голема одговорност |
|
|
( Дигитални отпечатоци - продолжение, прочитај го првиот дел) 10, 9, 8, 7... одбројувањето започна и скоро е при крај. Долгото лето е пред тебе и сето слободно време ќе можеш да го искористиш за најразновидни активности, помеѓу кои секако ќе биде и играњето игри на твојот компјутер и прегледувањето интересни веб-сајтови на интернет. Тоа што ќе имаш многу време и многу слобода, не значи дека треба да се одрази на твојата одговорност додека си онлајн. И понатаму треба да внимаваш со кого комуницираш, што кажуваш и какви траги оставаш зад себе.
Објавено во: Колибри, Нова Македонија
Датум на објавување: 08.06.2010, вторник
Еве неколку куси совети:
-
Лозинката што ја користиш за разни онлајн активности, треба да ја
третираш како четка за заби – не споделувај ја со никого.
- Не заборавај да се одјавиш кога посетуваш некој онлајн сервис,
посебно кога си на училиште или на друго јавно место каде што не
користиш свој компјутер.
- Дигиталните отпечатоци можат да користат и за добра цел – доколку
ги користиш сопствените, полесно и побрзо можеш да дојдеш до сајтовите
што си ги посетил (преку историјата на прелистувачот) или оние кои
намерно си ги означил како омилени.
- Секоја посета на некој веб-сајт остава трага.
- Чувај ја историјата од програмите за разговор кои ги користиш –
ова ќе ти помогне да имаш доказ доколку некој ти се обрати на
несоодветен, навредлив или вознемирувачки начин.
- Заштити си го сопствениот идентитет на интернет – Дали ако сретнеш
некого во реалниот живот, веднаш би му кажал се за себе? – Сигурно не:
Внимавај какви лични податоци откриваш онлајн, особено на социјалните
мрежи, бидејќи нив може некој да ги искористи за да креира лажни профили
за тебе и да ги полни со невистини, да ги навредува твоите пријатели и
сл.
Потсети се и на останатите совети за безбедно користење на интернетот
преку делот за деца и тинејџери на www.crisp.org.mk. Потоа заслужено
нурни се во делот „ Корисни и интересни содржини за деца“, како и низ
останатите делови од сајтот за да најдеш разни игри, софтвер и други
забавни места за деца на интернет. Имај убаво, безбедно и забавно лето!
|