Насловна
Интересен сајт за учење основни зборови на повеќе светски јазици Испечати Е-пошта
2.27-interesen-sajt-za-uchenje-osnovni-zborovi-na-povekje-svetski-jazici-veb-intro.png
Знаењето повеќе странски јазици во денешно време е приоритет на секој млад и перспективен човек. Доколку и ти сакаш да научиш некој од светски најупотребуваните јазици, веб-сајтот chillola.com може да ти помогне да ги научиш основните поими за работите кои те опкружуваат.

Објавено во: Колибри, Нова Македонија
Датум на објавување: 25.05.2010, вторник

Веб-сатот е целосно бесплатен и истиот се користи без претходно регистрирање и најавување. На него можеш да научиш како се изговараат и пишуваат боите, животните, бројките, деловите од човечкото тело, деновите од неделата, земјите од светот, предметите од куќата и училиштето и многу други основни поими на англиски, шпански, француски, германски и италијански јазик. Секоја од понудените категории е прикажана со соодветна сликичка, а за секој поим кој ќе го одбереш можеш да чуеш како точно се изговара.

2.27-interesen-sajt-za-uchenje-osnovni-zborovi-na-povekje-svetski-jazici-veb.png

Овој сервис е исто така корисен за твоите родители и учители, бидејќи од него можат да се преземат готови материјали, со помош на кои заедно ќе можете да организирате работилници за вежбање на наученото. Исто така доколку имаш некој интересен цртеж на некоја тема, можеш да им го испратиш на главните уредници, заедно со твоја фотографија и тие ќе го постават на сајтот. 
 
< Претходно   Следно >
Политика на приватност   Техничка имплементација - Фондација Метаморфозис
Joomla Templates by JoomlaShack Joomla Templates