| Безброј забавни и корисни содржини за деца |
|
|
Без разлика дали сакаш да го искористиш твоето слободно време за забава или за дополнително учење, веб сајтот www.kidsites.com може да ти претставува секојдневно катче за креативно надградување и развивање на твоите вештини. Објавено во: Колибри, Нова Македонија Датум на објавување: 18.05.2010, вторник
На веб-сајтот можеш да одбереш една од категориите за учење и едукација
како што се: историја, наука, уметност, животни, веселена и математика,
или пак некоја забавна категорија од типот: стрип, спорт, видео игри,
боенки и многу други. Откако ќе го направиш ваквиот општ избор, сајтот
ќе те пренасочи на страница полна со веб-адреси кои ќе те одведат до
разни активности од твојот интерес. И што е многу важно, сите
веб-сајтови кон кои ќе те упати Кидсајтс се одобрени и специјализирани
за твојот понатамошен развој.
Доколку ти се допаѓа Кидсајтс, можеш да го користиш бесплатно и директно, без регистрирање и најавување. Секако, извести ги родителите дека си наишол на супер сајт кој е безбеден и корисен, а доколку и самите го посетат, ќе најдат и содржини наменети за нив. Сајтот можеш да го препорачаш и на училиште. Така, тој ќе ти овозможи тебе, но и на твоите другарчиња и соученици од училиште, забава, учење и дружење на современ начин. |
| < Претходно | Следно > |
|---|



