| Вистинска случка за сајбер насилство: Уништено пријателство |
|
|
Не напразно велиме дека личните податоци се само за себе и дека треба да внимаваме со кого ги споделуваме и за каква цел. Кога станува збор пак за лозинките, нема двоумење – тие се само за тебе, не треба да ги кажуваш ниту на најдобриот другар или другарка. Еве зошто...Објавено во: Колибри, Нова Македонија Датум на објавување: 30.03.2010, вторник
Две другарки споделувале сè, дури и лозинките од нивните имејл адреси.
Група попопуларни девојчиња од училиштето ја сретнале Кејти и ја убедиле
да им ја каже лозинката за пристап до електронската пошта на нејзината
најдобра другарка. Таа мислела дека со тоа тие би ја прифатиле во
друштвото и ќе стане и самата популарна.
Еден ден корисничката на оваа имејл адреса добила порака од непознат испраќач, но кога ја отворила видела дека е испратена од момче од погорните одделенија. Пораката била со провокативна содржина од која таа се вознемирила и засрамила. Кога разбрала за што се работи, не можела да си поверува. Имено, откако Кејти ја споделила нејзината имејл лозинка со злобните девојчиња, тие влегле во нејзината електронска пошта и испратиле провокативни пораки до сите постари момчиња од училиштето, исто како да се пратени од нејзе. Во пораката тие вметнале и слика која претставувала фотомонтажа од нејзината глава и тело без облека кое го искористиле од слика што била објавена на некој сајт за возрасни.
Сега, девојчето со злоупотребената лозинка се срами да оди во училиште, бидејќи сите ја покажуваат со прст, а Кејти повеќе не и е другарка. Таа направило погрешна проценка дека со најдобрата другарка може да сподели сè, но сега знае дека кажувањето на лозинките може да предизвика дури и несвесна злоупотреба од страна на некој близок. Не дозволувај да биде предоцна и за тебе – чувај ги лозинките само за себе. Линк до оригиналната сторија (видео) |
| < Претходно | Следно > |
|---|


