Насловна arrow Медиуми arrow Вистинска случка од Македонија: Злоупотребена фотографија во порнографски контекст
Вистинска случка од Македонија: Злоупотребена фотографија во порнографски контекст Испечати Е-пошта
2.18-vistinska-sluchka-od-makedonija---zloupotrebena-fotografija-vo-pornografski-kontekst--intro.png
Фотографијата е личен податок кој открива многу. Доколку се злоупотреби на интернет, може да има многу непријатни последици за личноста која се наоѓа на фотографијата. Еден вистински случај за ваков тип на злоупотреба е раскажан во следнава приказна.

Објавено во: Колибри, Нова Македонија
Датум на објавување: 23.03.2010, вторник

2.18-vistinska-sluchka-od-makedonija---zloupotrebena-fotografija-vo-pornografski-kontekst.pngФотографијата од една девојка била искористена за да се направи фотомонтажа, која потоа била поставена на сервисот Тагд и користена за неприкладни цели. Имено, иако се работело за очигледна фотомонтажа во која главата на девојката била монтирана врз порнографска фотографија, сепак бил искористен нејзиниот лик. Целата страница била уредена како оглас во кој девојката ги повикува заинтересираните посетители да ја контактираат преку оставениот телефонски број. Таа била идентификувана и со име и презиме кое било означено и на самата фотографија. Оваа девојка во моментот немала направено свој профил на тагд, но некој кој нашол фотографија од неа, ја искористил за да направи сериозна злоупотреба, што за неа предизвикувало чести вознемирувања по телефон.

Девојката пробала сама да го реши случајот и се обратила до сервисот со барање страницата да биде избришана. Тие не постапиле по барањето, па тогаш се обратила до Дирекцијата за заштита на личните податоци, од каде издејствувале бришење на страницата.

Ако си доживеал слична непријатна ситуација, или нешто вакво ти се случи во иднина, пријави го случајот до дирекцијата со испраќање на имејл до Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете Нивниот веб-сајт, каде покрај податоците за контакт, ќе најдеш и многу корисни упатства и мерки за зачувување на приватноста е dzlp.mk. Доколку пак сè уште си во основно училиште, не треба да отвораш профил на ваквите мрежи, посебно не без согласност од твоите родители.
 
< Претходно   Следно >
Политика на приватност   Техничка имплементација - Фондација Метаморфозис
Joomla Templates by JoomlaShack Joomla Templates