Насловна
Вистинска случка: Од онлајн љубовна средба до лажно киднапирање Испечати Е-пошта
2.17-vistinska-sluchka---od-onlajn-ljubovna-sredba-do-lazhno-kidnapiranje-intro.png
Не секогаш можеме да ги знаеме вистинските намери на луѓето, особено не на оние кои ги познаваме само од виртуелните средини. Денешната приказна зборува за момче кое искористувајќи ја наивноста и невнимателноста на едно девојче на интернет, создава лажна блискост и пријателство со цел да заработи пари.

Објавено во: Колибри, Нова Македонија
Датум на објавување: 16.03.2010, вторник

Во една соба за муабетење на интернет, 17 годишната средношколка го запознала 19 годишното момче со кого започнала виртуелна романтична врска. За кратко време момчето ја придобило нејзината доверба што резултирало во тајна средба. На средбата тој увидел дека има шанса за лесна заработувачка преку измама која за сета среќа завршила неуспешно.

Тинејџерката се искрала од дома и заедно со момчето и уште еден негов пријател заминале во неговиот апартман. Иако за неа тоа изгледало како дружба и таа во  моментот не ги знаела неговите скриени намери, вистината била поинаква. Во меѓувреме, нејзините родители добиле имејл порака, за која полицијата утврдила дека била испратена од момчето, во која тој ги известил дека ќерка им е киднапирана и побарал 200 долари за нејзино ослободување. Тие, исто така добиле инструкции каде ќе можат да ја најдат ќерка си откако ќе ги дадат парите. Со интервенција на полицијата, апартманот бил лоциран и момчето уапсено.

Оваа приказна може да делува и по малку смешно, бидејќи 200 долари не се сума на пари која вообичаено би претставувала мотив за киднапирање. Тоа пак истовремено потврдува дека мотив за изведување на измама преку интернет може да биде сè и секој може да биде жртва на истата.

2.17-vistinska-sluchka---od-onlajn-ljubovna-sredba-do-lazhno-kidnapiranje.png

Од друга страна, многумина се сретнале благодарение на интернет, што значи дека не треба да се има страв од запознавање луѓе преку користење на новите начини на комуникација што се својствени за времето во кое живееме. Треба само да бидеме многу внимателни, заради чувството на сигурност кое го создава таквата комуникација во комбинација со лесното охрабрување за среќавање во живо што може да произлезе од неа. Родителите или луѓе на кои им веруваме и кои можат да ни помогнат во случај на незгода, во вакви ситуации никако не смеат да се заобиколат. Отворениот однос со блиските е клучен за да се избегнат можните несакани ситуации, како и за да биде возможно да се интервенира во случај да произлезе некоја опасна.
 
< Претходно   Следно >
Политика на приватност   Техничка имплементација - Фондација Метаморфозис
Joomla Templates by JoomlaShack Joomla Templates