Насловна
Вистинска случка од Македонија: Лажен профил на Фејсбук за познат здравствен работник Испечати Е-пошта
2.16-vistinska-sluchka-od-makedonija---lazhen-profil-na-fejsbuk-za-lichnost-na-visoka-pozicija-vo-zdravstvena-ustanova-intro.png Проблемите со пробивање на профили на Фејсбук, менување на личните податоци и фотографиите, комуницирање во туѓо име со пријателите на сопственикот на профилот и менување на лозинките за да се оневозможи пристапот, се чести и многубројни. Од ваквите злоупотреби не се поштедени ниту јавните личности и вработените во јавни институции кои држат високи позиции. Таков е неодамнешниот случај со директорот на една болница во Скопје, за кого бил отворен профил на Фејсбук од страна на негов колега.

Објавено во: Колибри, Нова Македонија
Датум на објавување: 09.03.2010, вторник

Вработениот во болницата го отворил профилот во име на директорот и го уредувал на многу уверлив начин. Поставил фотографии, лични податоци, ги додавал како контакти вистинските пријатели на директорот и комуницирал со нив. Во негово име изразувал остри политички мислења и вулгарности, што е тотално несвојствено за вистинската личност која стои зад тоа име и функција.

2.16-vistinska-sluchka-od-makedonija---lazhen-profil-na-fejsbuk-za-lichnost-na-visoka-pozicija-vo-zdravstvena-ustanova.png

Откако директорот разбрал за ова, случајот го пријавил директно во полицијата, од каде со истрага го нашле сторителот на делото, чија кариера пак, во тој момент била завршена. После постапката на полицијата, случајот бил пријавен и до Дирекцијата за заштита на личните податоци од каде се издејствувало бришење на профилот.

Поука од оваа приказна е дека злоупотребите на идентитетот на луѓето не заобиколуваат никого. Секој може да биде жртва на ваква непријатна случка, која понекогаш може да биде цена за нашиот имиџ, но понекогаш може да ја чини и нашата иднина. Друго нешто што е специфично за оваа приказна е дека директорот на болницата го пријавил случајот прво во полиција, што овозможило наоѓање на злосторникот, па потоа во Дирекцијата за да го издејствува отстранувањето на профилот. Значи, не секогаш треба да се избрзува со одлуката за бришење на лажните или променети профили, бидејќи со нивното отстранување од сервисот, се отстрануваат и трагите на сторителот на прекршокот.
 
< Претходно   Следно >
Политика на приватност   Техничка имплементација - Фондација Метаморфозис
Joomla Templates by JoomlaShack Joomla Templates