Насловна
Вистинска случка од Македонија: Пробиени лозинките на имејл адресите на четворица вработени Испечати Е-пошта
2.15-vistinska-sluchka-od-makedonija---probieni-lozinkite-na-imejl-adresite-na-chetvorica-vraboteni-intro.png Иако размената на пораки преку имејл е многу едноставна, безбедна и вообичаена работа, не значи дека при тоа треба да заборавиме на правилата кои ја овозможуваат ваквата сигурна и безбедна комуникација. Приказнава зборува за проблем настанат како резултат на пробивање на лозинките на имејл сметките на четворица вработени во една фирма.

Објавено во: Колибри, Нова Македонија
Датум на објавување: 02.03.2010, вторник

Откако четворицата вработени во фирмата забележале дека не можат да пристапат до нивните електронски сандачиња со лозинките кои самите ги задале, случајот го пријавиле во Дирекцијата за заштита на личните податоци. Проблемот добива значителна тежина поради тоа што овие лица ги користеле нивните приватни имејл адреси за службени цели. Тие побарале од Дирекцијата да им се врати пристапот до своите сандачиња или пак имејл адресите сосема да се блокираат. Ситуацијата дополнително се комплицира бидејќи адресите биле отворени на имејл сервисот Јаху, кои имаат строго утврдена постапка за решавање на вакви случаи, како што се: внесување на точната лозинка, одговарање на тајното прашање или алтернативната имејл адреса, кои се оставаат во процесот на креирање на сметката. Ако ваквата постапка е успешна, сервисот може да го овозможи повторно пристапот до личната електронска пошта на корисниците. Во спротивно, не може да се направи ништо.

2.15-vistinska-sluchka-od-makedonija---probieni-lozinkite-na-imejl-adresite-na-chetvorica-vraboteni.png

Затоа, многу е важно да се креираат цврсти лозинки кои подразбираат добра комбинација од букви и бројки и/или специјални знаци, истите да се помнат, како и да се користат посебни имејл адреси за приватна и службена употреба. Ова ќе ја спречи злоупотребата на личните контакти за службени цели и обратно. Дополнително, при креирање на имејл сметките, не треба да се заобиколуваат или несериозно да се сфаќаат личните прашања и алтернативните адреси. Тие се одговараат и пополнуваат токму заради вакви работи. Тоа пак значи дека прашањето „Која година сум роден/а?“ не е такво што треба да го поставите, бидејќи веројатно многу луѓе би знаеле да го одговорат и со тоа да бидат потенцијални пробивачи на вашата имејл адреса. Алтернативните имејл адреси пак и одговорите на тајните прашања секако треба и да се помнат, бидејќи тие се користат токму ако си ја заборавите лозинката или ако истата е сменета од страна на друг.
 
< Претходно   Следно >
Политика на приватност   Техничка имплементација - Фондација Метаморфозис
Joomla Templates by JoomlaShack Joomla Templates