| Вистински случки од Македонија: Лажен профил на угледна новинарка |
|
|
Луѓето кои сакаат да му наштетат некому ќе го направат тоа во реалниот или во виртуелниот свет. За несреќа, виртуелниот често содава чувство на поголема слобода и им дава на оние кои сакаат да напакостат дополнителен и полесен начин за да го остварат тоа. Жртва на ваков човек може да биде секој, но многу често, особен предизвик за ваквите злобници се јавните и угледни личности. Следнава вистинска случка е пример за злоупотреба на личните податоци на една угледна новинарка од Македонија.Објавено во: Колибри, Нова Македонија Датум на објавување: 16.02.2010, вторник
Секој може да отвори профил на Фејсбук и многумина и го прават тоа.
Само во Македонија има над 500 000 профили и бројката постојано расте.
Кој би помисли дека профилот на вашиот познаник или пријател не е
креиран од него самиот. Е вакво нешто може да се случи и навистина е
тешко да го претпоставиме. Целиот профил бил креиран во име на оваа
новинарка, со нејзини лични податоци и фотографии. Од овој профил биле
склопувани виртуелни пријателства, оставани коментари во нејзино име,
кои по некогаш биле и предмет на потсмев. Адресата со која бил креиран
профилот на Фејсбук, исто така не била вистинската лична имејл адреса
на новинарката.
Она што е страшно во оваа приказна е тоа што новинарската работа е често осетлива. Во текот на работата се комуницира со секакви луѓе, се разменуваат доверливи информации, па многумина мислејќи дека ги упатуваат на човек на кој може да му веруваат, всушност ги упатувале на некој кој и во иднина може да ги злоупотреби. Ако си доживеал слична непријатна ситуација, или нешто вакво ти се случи во иднина, пријави го случајот до дирекцијата со испраќање на имејл до Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете Нивниот веб-сајт, каде покрај податоците за контакт, ќе најдеш и многу корисни упатства и мерки за зачувување на приватноста е dzlp.mk. Доколку пак сè уште си во основно училиште, не треба да отвораш профил на ваквите мрежи, посебно не без согласност од твоите родители. |
| < Претходно | Следно > |
|---|



