| Онлајн забава за најмалите – шарено и безбедно |
|
|
Интернетот е неисцрпен извор за сите наши потреби, желби и интереси, оние за кои знаеме и оние за кои не сме ни свесни. Сепак, често претставува проблем да се најде вистинското нешто во вистинскиот момент и за кратко време. Барајќи забавни и интересни содржини, можеме случајно да налетаме на порнографски, расистички, безобразни или друг тип на несоодветни и вознемирувачки содржини. Не срами се ако ти се случи ова, туку веднаш кажи им на родителите, тие ќе знаат што треба да направат. А за да бидеш сигурен дека вакво нешто нема да ти се случи, посетувај
само претходно препорачани извори на содржини за деца. Објавено во: Колибри, Нова Македонија Датум на објавување: 29.12.2009, вторник
Еден таков извор е денешниот предлог во рубриката „Безбедно на
интернет“. Се вика „Кидиос“ и им е наменет на најмалите – децата до
шест-годишна возраст, иако можеш да го користиш и ако имаш 10.
Бесконечен извор на цртани и анимирани филмови, интересни и корисни
игри, забавни веб-сајтови – сето тоа е собрано на едно место на
интернет, на кидиос. Пинк пантер, Снупи, ликовите од мапет-шоу и уште
многу други ќе ти бидат достапни со неколку клика. Ако си на возраст до
6 години или имаш помало братче или сестриче на оваа возраст, предложи
го www.kidyos.com како веб-сајт кој треба да биде обележан на домашниот
компјутер.
Кидиос бара регистрација за да се користат целосните можности и сите содржини, но е сосема бесплатен за користење.
|
| < Претходно | Следно > |
|---|



