| Вистински случки од Македонија: Манекенка навредена за јавна објава на приватна фотографија |
|
|
Понекогаш и добронамерните постапки можат да бидат навредливи за луѓето. Сигурно некогаш ти се случило да сакаш некому да му направиш услуга, да му дадеш совет или да го изненадиш со некоја, според тебе, добра вест, а тоа да биде сосема поинаку доживеано. Вакви работи се случуваат и на Интернет. Еве еден вистински случај од Македонија кој зборува за тоа. Објавено во: Колибри, Нова Македонија Датум на објавување: 22.12.2009, вторник
Една млада девојка, во тинејџерски години, по потекло и со место на
живеење во една од периферните средини во Македонија, професионално се
занимавала со манекенство. Како што често бива со јавните личности, за
нејзините обожаватели била креирана страница на сервисот за социјално
вмрежување – Фејсбук. Креаторите на оваа страница биле јавно видливи, а
посетителите на страницата имале можност да уживаат во фотографиите од
нејзините снимања. Сè било во ред додека на страницата не била
поставена приватна фотографија на оваа млада девојка, која едноставно
не било соодветно да биде јавно видлива, посебно на таква локација.
Бидејќи не знаела како да постапи, таа стапила во контакт со
Дирекцијата за заштита на личните податоци од каде ја презеле понатаму
постапката. Дирекцијата и се обратила директно на креаторката на
групата и ѝ објасниле дека за јавно прикажување на туѓи фотографии
треба да добие согласност од личноста која е на нив. Доколку таа нема
ваква согласност и не може да ја добие, ќе мора да ја отстрани спорната
фотографија. Креаторката на групата, веројатно исплашена од ова
обраќање, за кратко време ја избришала целата група.
Во овој случај се работи за нарушување на приватноста со јавно поставување на приватна фотографија на веб-локација на која не е коректно истата да биде поставена без дозвола. Креатороката веројатно немала лоша намера, туку случајно дошла до една приватна фотографија која сметала дека е во ред да ја сподели на страницата за фанови. Пораката е дека не треба да поставуваш фотографии од други луѓе на интернет, без да имаш согласност за тоа. Можеби за тебе една фотографија е супер и нема зошто некој да има против да биде онлајн, но не мора да значи дека сите треба да го делат твоето мислење. Од друга страна пак, доколку забележиш дека твоја фотографија без согласност се појавила на интернет, реагирај веднаш до оној што ја поставил, а ако не успееш да издејствуваш отстранување, контактирај ја Дирекцијата за заштита на личните податоци. Можеш да испратиш имејл на Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете Веб-сајтот на Дирекцијата, каде покрај податоците за контакт, ќе најдеш и многу корисни упатства и мерки за зачувување на приватноста е dzlp.mk. |
| < Претходно | Следно > |
|---|



