Насловна arrow Медиуми arrow „Керпуф“ - дестинација за искажување на креативноста
„Керпуф“ - дестинација за искажување на креативноста Испечати Е-пошта
2.5-kerpoof---destinacija-za-iskazhuvanje-na-kreativnosta-intro.png Доколку сакаш да го користиш своето слободно време, создавајќи нешто интересно и креативно, „керпуф“ е дестинација која брзо може да ти стане една од твоите омилени. Тука, користејќи ја својата фантазија и инспирација, ќе можеш да создаваш свои лични креации кои потоа ќе ги употребуваш на разни начини, согласно твоите замисли и потреби.


Објавено во: Колибри, Нова Македонија
Датум на објавување: 15.12.2009, вторник

Отворајќи си личен профил, ќе имаш можност да се забавуваш, правејќи свои оригинални слики, видеа, честитки, приказни и цртежи. Нив потоа можеш да ги зачуваш и испечатиш за себе или пак да ги поставиш на сајтот, со што и другите корисници ќе можат да го погледнат и оценат твоето завршено дело. Многу интересна е опцијата за правење своја приказна или видео. Благодарение на оваа опција, на некоја од понудените позадини, можеш да додаваш свои ликови на кои ти им го определуваш местото на стоење и движење, потоа им го додаваш и текстот со што всушност  ја креираш твојата замислена приказна.

2.5-kerpoof---destinacija-za-iskazhuvanje-na-kreativnosta.png

Со бесплатното регистрирање на сајтот, достапните опции и можности се ограничени, односно нема да бидеш во можност во целост да ги користиш сите ликови, позадини, анимации и алатки. Доколку ова ограничување ти пречи во твоето креативно изразување и не ти дозволува во целост да покажеш што умееш, разговарај со твоите родители за надградување на твојот профил кој ќе ти овозможи неограничено да ги користиш сите ресурси на сајтот.

Преку www.kerpoof.com ќе успееш да научиш како да ја пренесуваш твојата идеја и замисла така што ќе им овозможиш и на останатите да видат дека си вистински креативен карактер и притоа ќе си го користиш времето паметно, забавувајќи се и запознавајќи нови онлајн пријатели кои го користат овој сервис.
 
< Претходно   Следно >
Политика на приватност   Техничка имплементација - Фондација Метаморфозис
Joomla Templates by JoomlaShack Joomla Templates