| Објавена брошура за заштита на личните податоци и приватноста на децата на интернет |
|
|
|
Во рамките на проектот CRISP или Заштита и безбедност на децата и нивните права на интернет, кој фондацијата Метаморфозис го спроведува со поддршка од Европската унија, на 28.01.2008 беше промовирана брошура за заштита на личните податоци на интернет. Оваа брошура, која носи наслов „Ти одлучуваш... Размислувања и факти за заштита на твоите лични податоци“, Метаморфозис ја изработи во соработка со Дирекцијата за заштита на личните податоци (ДЗЛП).
Брошурата беше промовирана по повод Европскиот ден на заштита на личните податоци и е наменета претежно на тинејџерите, односно деца на возраст од 10 до 19 години, но е адекватна литература и за повозрасните и воопшто за сите оние кои ги интересира оваа тема. Наскоро брошурата ќе биде објавена и на албански јазик. „Ти одлучуваш...“ можете да ја преземете и прочитате тука. |
| < Претходно |
|---|


