Насловна
Вистински случки од Македонија: Уништен имиџ од видео на јутјуб Испечати Е-пошта
unisten-imidj-od-video-na-jutjub-intro.pngПонекогаш не мора сам да си предизвикаш непријатна ситуација. Луѓето прават злобни работи и без да имаат нешто да ти замерат или без да ги испровоцираш со некое несоодветно онлајн однесување. Следнава вистинска случка го потврдува токму тоа. Се работи за девојче во тинејџерски години кое доживеало мошне непријатна случка преку сервисот за објавување и за гледање на онлајн видеа.

Објавено во: Колибри, Нова Македонија
Датум на објавување: 17.11.2009, вторник

Девојчето не било регистриран корисник на сервисот, значи немало направено свој профил на јутјуб. Но, еден ден забележало дека на истиот е достапно видео кое претставува колаж од нејзини фотографии. Со фотографиите немало ништо лошо, ниту пак со видеото како целина. Проблемот настанал во моментот кога недолични коментари почнале да се појавуваат под видеото. Бидејќи девојчето било од албанска националност, и коментарите биле пишувани на албански јазик. Кога таа го пријавила видеото до Дирекцијата за заштита на личните податоци, тие веднаш го пријавиле видеото како несоодветно директно до сервисот, а потоа тоа го направило и девојчето лично. Потребно било корисникот врз кој била направена повреда на приватноста, сам до го пријави конкретното видео. Но, и после овие обиди, видеото не било отстрането од сервисот. Тоа било така бидејќи немало ништо проблематично во неговата содржина, а коментарите не биле на англиски јазик, како сите веднаш би ги разбрале. Во меѓувреме, девојчето почнало да добива закани преку имејл од истата личност која го поставила видеото на јутјуб. Тој и барал пари во замена на што ветил дека видеото ќе биде отстрането од сервисот. За среќа, Дирекцијата го расчистила случајот со јутјуб и после 1 месец откако се започнало, видеото повеќе не било достапно на сервисот. За заканите на девојчето му била укажана можноста за покренување на кривична постапка, што би значело и можност за добивање паричен надомест за психичкиот товар кој го имало за целото тоа време.

unisten-imidj-od-video-na-jutjub.png

Во случајов, девојчето не било невнимателно со своите податоци, но случкава треба да те потсети дека секој што има пристап до твоите информации и фотографии може да ги искористи за друга цел. За несреќа, во овој случај сосема нормални фотографии се употребени за многу лоша цел. 

Ако си доживеал слична непријатна ситуација, или нешто вакво ти се случи во иднина, пријави го случајот до Дирекцијата со испраќање на имејл до Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете Нивниот веб-сајт, каде покрај податоците за контакт, ќе најдеш и многу корисни упатства и мерки за зачувување на приватноста е dzlp.mk.
 
< Претходно   Следно >
Политика на приватност   Техничка имплементација - Фондација Метаморфозис
Joomla Templates by JoomlaShack Joomla Templates