Насловна
Добро однесување на интернет Испечати Е-пошта
dobro-odnesuvanje-intro.pngДодека сме на Интернет, имаме обврска да се однесуваме со почит кон луѓето со кои комуницираме исто како што ги почитуваме луѓето со кои секојдневно се среќаваме. Тоа значи дека и на Интернет треба да внимаваме да не навредиме или наштетиме некому, како што внимаваме и во непосредните средби.

Објавено во: Колибри, Нова Македонија
Датум на објавување: 17.06.2008, вторник
 

Следните четири правила се клучни за твоето добро однесување на интернет:

1. Никогаш не праќај злобни пораки преку интернет, без разлика дали станува збор за имејл или за чет (mIRC) или пак за некоја програма за инстант пораки (Skype, MSN Messanger, Yahoo!Messanger, ICQ)!

2. Никогаш не кажувај нешто преку интернет, што не би го кажал некому во лице! Заплашувањето е лошо без разлика дали се прави преку интернет или во живо.

gjavolce.png
3. Никогаш не го користи интернетот за да наштетиш некому! На пример, никогаш немој да праќаш пораки од нечија туѓа имејл адреса ако тие пораки може да му создадат проблеми на сопственикот на адресата.

4. Никогаш немој да правиш плагијати. Копирањето на туѓи содржини кои се објавени онлајн и нивно презентирање од твое име е противзаконско. Ако преземеш туѓи информации и ги претставиш како сам да си ги напишал, значи дека го кршиш законот.
plagijat.png

Почитувај ги овие правила бодејќи доброто однесување е одлика на луѓето и не се однесува само на она што го правиш во живо. Запомни дека не е кул да му направиш некому штета за да му се потсмеваш заедно со целото одделение. Тоа утре може да ти се случи и тебе.
 
< Претходно   Следно >
Политика на приватност   Техничка имплементација - Фондација Метаморфозис
Joomla Templates by JoomlaShack Joomla Templates