| 4 правила за безбедно користење на интернет |
|
|
|
Интернетот е одлично место за информирање, дружење и забава, но истовремено е и извор на бројни опасности. Следните четири правила ќе ти помогнат да бидеш безбеден додека користиш интернет:
Објавено во: Колибри, Нова Македонија Датум на објавување: 06.10.2008, вторник
Никогаш не ги давај своите лични податоци на интернет, освен ако некој од твоите родители не ти каже дека е во ред да ги дадеш. Лични податоци се твоето име, адресата, телефонскиот број, возраста, расата, името или локацијата на училиштето, омиленото место за играње и собирање со пријателите, имињата на пријателите и сл. Сите овие се лични информации и не треба да се делат со кого било, а особено не со луѓе кои ги познаваш само преку интернет.
Никогаш и никому не ги кажувај лозинките (анг. password) што ги користиш на интернет, дури ни на своите пријатели.
Никогаш не одговарај на пораки кои прават да се чувствуваш непријатно (те засрамуваат, заплашуваат или на било кој начин прават да се чувствуваш лошо). Игнорирај ги овие пораки и прекини ја комуникацијата со тој што ти ги испраќа, веднаш кажи на некој од родителите или на друг возрасен во кој имаш доверба.
Доколку ги почитуваш овие 4 основни правила, можеш да уживаш во сите благодети на интернетот, безбедно и без грижи. |
| < Претходно |
|---|




