| Едукации во општина Кисела Вода |
|
|
Во месец октомври, беа реализирани голем број едукации за децата и наставниците во училиштата кои спаѓаат под општината Кисела Вода. Исто така, како резултат на добрата соработка со општината, се реализираше и една масовна едукација за родителите на учениците кои учат во овие училишта, што пак беше повод за свикување на претставници од медиумите, со цел и тие подобро да се запознаат со темата и сработеното во рамките на проектот.
Со редовни едукации беа опфатени вкупно 4 основни училишта од
општината: „Кирил Пејчиновиќ“, „Партенија Зографски“, „Кузман
Јосифовски Питу“ и „Невена Ѓеоргиева Дуња“. Едукациите ги реализираа
координаторите на проектот: Ирина Шумадиева и Татјана Јаневска.
Во основното училиште „Кирил Пејчиновиќ“ се реализираа едукации за учениците и наставниците. 107 ученици од шесто, седмо и осмо одделение ја проследија едукацијата, како и 15 наставници.
Во „Партенија Зографски“ со едукациите беа опфатени 85
ученици од трето, четврто, петто, шесто, седмо и осмо одделение.
Средбата со наставниот кадар беше закажана за 3.11. во 12 часот, но на
истата не покажа интерес да присуствува ниту еден наставник. Истиот ден
во вечерните часови се реализираше успешна едукативна средба со 10
родители.
Проблематика главно им е позната на учениците. Некои од
нив, особено помалите, имаат искуство со пробиени лозинки на MSN,
додека некои зборуваа и за контакти со непознати лица онлајн.
Соработката со училиштето беше одлична, и покрај неможноста за
реализирање на едукацијата за наставниците. Ова училиште има
професионален систем за заштита на компјутерите во компјутерската
училница, што подразбира и контролирање и забрана за пристап до
одредени веб-сајтови и апликации, како и контролирање и ограничување на
времето во кое им се дозволени онлајн активности на учениците.
Изјава од ученици од ОУ „Партенија Зографски“:
85
ученици од трето и четврто одделение кои учат во основното училиште
„Кузман Јосифовски Питу“ се стекнаа со едукација за безбедно користење
на интернет. Поради лошата соработка со психологот, едукациите со
родителите и наставниците сè уште не се реализирани, а дури и учениците
беа едвај организирани во групи за едукација.
Изјава од ученици од ОУ „Кузман Јосифовски Питу“:
Вкупно 138 ученици земаа учество на ваквите едукации со
кои се работеше ефикасно и интерактивно. Секое дете доби печатен
примерок од повелбата за правата на децата на интернет и од летокот за
вешто користење на интернетот, додека брошурите за заштита на личните
податоци и приватноста на интернет, во неколку примероци беше оставена
во училиштето. Со наставниците средбата се одржа за време на големиот
одмор. Наставниците беа внимателни, заинтересирани, а некои од нив
воодушевени од презентираните информации. 30-ина наставници беа
присутни на едукацијата.
Во трите училишта во кои едукации се реализираа за наставниците и учениците, намерно не се организираа едукации за родители. Се искористи добрата соработка со општината, која ни овозможи и помогна во организирањето на настан од помасовен карактер. Овој настан имаше за цел да запознае што повеќе родители со проблематиката за безбедно користење на интернет од страна на децата, наставници и директори, вработени во општината и секако претставници од медиумите кои откако се запознаа со содржината, ги проследија презентираните информации до медиумските куќи кои ги претставуваат. Настанот го отвори градоначалникот на општина Кисела Вода – Џорџе Арсов кој ги поддржа ваквите активности. По него зеде збор раководителот на секторот за образование, култура, спорт и млади при општина Кисела Вода – г-ѓа Благојка Филипчева. Со тоа работата можеше да започне, па најпрво Татјана Јаневска – координатор на проектот од Меѓаши ги запозна присутните со целта и активностите на проектот. Потоа Елена Стојановска од ДЗЛП ги презентираше случаите во кои граѓаните можат да се обратат до дирекцијата заради утврдување на повреда на правото на приватност на интернет и начинот на кој постапува таа со истите.
Потоа следуваше
сеопфатна презентација за родителите кои, како и останатите присутни во
салата на општината, добија примероци од водичот: безбедно на интернет,
наменет за родители, наставници и медиуми. Презентацијата ја изведе
Ирина Шумадиева – координатор на проектот „Заштита и безбедност ан
децата и нивните права на интернет“ од фондацијата Метаморфозис. По
завршувањето на презентацијата следуваше мал коктел и дискусија на
темата во неформална атмосфера.
|
| < I mëparshmi | Tjetri > |
|---|









