| Средба со едукаторите во проектот CRISP |
|
|
|
На 1-ви овој месец, се одржа средба со едукаторите и со некои од останатите соработници вклучени во проектот. Целта на средбата беше да се разменат размислувања и искуства од одржаните едукации, како и да се предложат нови идеи за продолжување со активности за подигнување на јавната свест за проблематиката.
Настанот траеше околу 2 часа. Некои од едукаторите ги истакнуваа своите
позитивни искуства и постигнатите резултати, други зборуваа за
направените пропусти кои би требало да се земат во предвид во иднина,
додека сите учествуваа во дискусијата за продолжување со оваа работа,
надвор од рамките на проектот, но во истата насока.
Сите беа задоволни од сработеното и постигнатите ефекти. Пред крајот на официјалниот дел од настанот се погледнаа неколку кратки филмови од едукативен карактер, како и такви кои имаат за цел директно и моментално да влијаат на освестување во врска со проблемите и опасностите кои можат да се случат како резултат на несоодветни интернет активности. Овие кратки филмови се изработени од други странски и интернационални организации и послужија како појдовна точка за многу понатамошни идеи. Мрежата од НВО која беше формирана за целите на проектот и во рамките на истиот, и понатаму ќе функционира за реализирање соработка за слични активности. |
| < Претходно | Следно > |
|---|


