Насловна
Предавање за новинари: предизвици поврзани со користењето на интернет од страна на децата Испечати Е-пошта
mediumi-1-mala.png Вчера, од 11 до 13 часот, во просториите на Метаморфозис се одржа предавање за предизвиците поврзани со користењето на интернет од страна на децата. На средбата беа присутни 6 претставници од медиумите и организациите до кои беше упатена покана: Светлана Вељаонвкса од Кичево (Радио Кичево, Канал 77), Каролина Мицевска од Прилеп (Канал Визија, Зенит), Анета Печипајковска (Форум на млади, БЛОК), Борче Малевски (ОБСЕ), Татјана Јаневска и Христина Аргировска од Меѓаши.

Средбата започна со презентација на придобивките од користењето на интеренот, за да постепено се навлезе во можните опасности и ризици што можат да произлезат од неговата неправила употреба. Се зборуваше за улогата на возрасните во правилното воспитување на децата и нивното насочување кон доживување позитивни интернет искуства, но не беше занемарена ниту улогата на самото дете во обезбедување на самозаштита додека користи интернет. Секако, на крајот се дискутираше за улогата на медиумите во процесот на мултипликација на ефектите од сето она што Метаморфозис го направи во рамките на прокетот „Заштита и безбедност на децата и нивните права на Интернет“.

Настанот имаше неформален карактер. Присутните дискутираа во текот на самата презентација, како и по нејзиното завршување. Се разменуваа ставови, мислења и факти и беше развиена добра основа за презентирање на нови информации од оваа област во иднина, во медиумите чии претставници беа присутни.
 
< Претходно   Следно >
Политика на приватност   Техничка имплементација - Фондација Метаморфозис
Joomla Templates by JoomlaShack Joomla Templates