|
4.11.2008. |
|
Во октомври, се реализираа едукации за безбедно користење на интернет од страна на децата во едно делчевско училиште, едно во селото Тработивиште, делчевско, како и во едно училиште во Македонска Каменица. Едукациите ги реализираше Нејат Демировски од ПХУРТ – Делчево.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
4.11.2008. |
 Во октомвриската фаза од спроведувањето на едукациите за безбедно користење на интернет од страна на децата, беа опфатени вкупно 6 училишта, 4 во кои наставата се изведува на македонски јазик и 2 во кои наставата се изведува на албански. Во четирите македонски училишта едукациите ги изведоа Маргарита Аврамовска и Зоран Стефановски, додека за албанските задолжен беше Реџаиљ Али.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
3.11.2008. |
|
На 21-ви и 22-ри октомври, едукации за безбедно користење се одржаа и во градот Велес. За разлика од другите градови каде се одржуваа вакви едукации и во текот на минатата учебна година, овде се одржаа за прв пат. Беа опфатени 4 училишта, две основни и две средни. Едукациите ги спроведоа координаторите на проектот Ирина Шумадиева од Метаморфозис и Татјана Јаневска од Меѓаши.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
3.11.2008. |
|
Во октомври беа спроведени нови едукации за безбедно користење на интернет од страна на децата во 3 тетовски училиште. Едукациите ги спроведе Џаније Исеини, соработник во проектот. Беа опфатени двете основни училишта „Лириа“ и „Кирил и Методиј“, како и средното економско училиште „8 септември“.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
24.10.2008. |
 На 21 октомври, беа одржани едукации за безбедно користење на интернет во средното училиште „Владо Тасевски“ во Скопје. Се реализираа вкупно 8 едукации од кои 6 за ученици и по 1 за наставници и родители. Со осумте едукации беа опфатени 158 ученици, 23 наставници и 20 родители. Едукациите ги реализираше Елена Стојановска од Дирекцијата за заштита на личните податоци.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
24.10.2008. |
|
Средното училиште „Таки Даскало“ и основното „Коле Канински“ беа опфатени со едукации за безбедно користење на интернет од страна на децата во текот на овој месец. Во средното училиште се одржаа 4 едукации и тоа 3 за средношколците и 1 за наставниците, додека за родителите едукација не се одржа. Во основното училиште се одржаа сите 5 предвидени едукации.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
24.10.2008. |
|
Во текот на минатата недела, од 13-ти до 15-ти октомври се реализираа едукациите за безбедно користење на интернет од страна на учениците во основното училиште „Јан Амос Коменски“ во Скопје. Едукациите ги реализираше Ирина Шумадиева од Метаморфозис.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
23.10.2008. |
|
Уште 4 училишта во Охрид беа опфатени со едукации за безбедно користење на интернет во текот на изминатите 2 недели. За разлика од едукациите спроведени во текот на минатата учебна година, овој пат се презентираше само на македонски јазик. Едукациите ги реализираа Марија Пупиноска Гогова и Катерина Ситникоска.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
22.10.2008. |
|
Минатата недела во Штип беа реализирани 10 нови едукации за безбедно користење на интернет од страна на децата. По 5 едукации се реализираа во основните училишта „Гоце Делчев“ и „Тошо Арсов“. Едукациите ги спроведоа Гоце Коцески и Душан Миланов.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
21.10.2008. |
|
Од 9 до 14 ноември, во основното училиште „Климент Охридски“ во Прилеп се реализираа 5 едукации за безбедно користење на интернет од страна на децата. Едукациите ги спроведе Талија Бабоска од Центарот за граѓанска иницијатива.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
10.10.2008. |
|
Во рамките на новиот циклус едукации на тема: „безбедно на интернет“, успешно беше завршена првата серија од 6 едукации кои се реализираа во основното училиште „11 Октомври“ во Скопје. Презентациите се изведоа на македонски јазик, а во улога на едукатор беше Ирина Иванова, професор во училиштето.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
6.10.2008. |
|
Излезе петтиот по ред водич на фондацијата Метаморфозис, насловен „безбедно на интернет“, а наменет пред се на родителите, иако корисен и за наставниците во училиштата, како и за новинарите како претставници на медиумите.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
6.10.2008. |
|
Од денес, официјално започнува новиот циклус едукативни презентации за безбедно користење на интернет од страна на децата, наменети, покрај за нив, и за нивните родители и наставници во основните и средните училишта во Македонија.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
3.10.2008. |
 Вчера, од 11 до 13 часот, во просториите на Метаморфозис се одржа предавање за предизвиците поврзани со користењето на интернет од страна на децата. На средбата беа присутни 6 претставници од медиумите и организациите до кои беше упатена покана: Светлана Вељаонвкса од Кичево (Радио Кичево, Канал 77), Каролина Мицевска од Прилеп (Канал Визија, Зенит), Анета Печипајковска (Форум на млади, БЛОК), Борче Малевски ( ОБСЕ), Татјана Јаневска и Христина Аргировска од Меѓаши.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
2.10.2008. |
 Големиот медиумски интерес за случаите со педофилија во Македонија ја извади на површина девијантната појава што постоеше отсекогаш, само што не се зборуваше за неа зашто беше третирана како срамна тема за споделување со јавноста, смета проф. д-р Нелко Стојановски, професор по социјална патологија на Филозофскиот факултет во Скопје. ( прочитај ја сторијата)
Автор: Ангелина Димоска, извор: Нова Македонија
|
|