|
15.07.2011. |
За време на посетите на 8 градови во
Република Македонија, вклучително Скопје, Тетово, Гостивар, Битола,
Велес, Дебар, Неготино и Штип, во јуни 2011 година, при што се одржаа проекции кратките едукативни филмови и презентација на онлајн игри изработени како дел од проектот, беше спроведено истражување за навиките на
интернет кај децата.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
13.06.2011. |
|
По одржаните
проекции во Скопје, Штип, Велес и Неготино, оваа недела кратките едукативни
филмови изработени во рамките на проектот „Приватност на интернет на лесен
начин“ беа прикажани во Тетово, Гостивар, Битола и Дебар.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
2.06.2011. |
 Во текот на оваа недела, се одржаа неколку проекции на едукативните филмови изработени во рамките на проектот „Приватност на интернет на лесен начин“. Беа опфатени деца од Скопје, Неготино, Велес и Штип, а другата недела следуваат проекции уште во 4 други градови низ нашата република.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
27.05.2011. |
 На 30 мај, со почеток во 10 часот, во просториите на НВО Инфоцентар во Скопје ќе се одржи конференција за печат на која ќе се претстават активностите во рамките на проектот „Приватност на интернет на лесен начин“ на Фондацијата Метаморфозис.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
23.05.2011. |
Од повиците за помош од пријатели, па сè до понудата да видите кој ви го
манијачи профилот, ова се 6-те најчести измами кои треба да ги
препознаете на Фејсбук.
|
|
|
8.04.2011. |
Во рамките на
проектот Полесно до приватност на интернетсе развиваат игри за деца кои имаат цел да
поттикнат размислување за одредени теми во врска со нивната безбедност додека
користат интернет. Досега се направени шест игри од вкупно десет. Сите игри опфаќаат различни области и се во релација со кратките филмови на истите теми, кои
набрзо ќе бидат објавени.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
1.04.2011. |

По повод денот на шегата, 1 април, децата се собраа на плоштадот Македонија, каде што учествуваа во забавната манифестација организирана од детскиот културен центар Карпош. Тимот на Метаморфозис и се приклучи на забавата, доделувајќи им постери за безбедно користење интернет на децата, родителите и наставниците.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
18.03.2011. |
|
 На 16.03.2011, во О.У. „Ацо Шопов“, Скопје се одржаа три предавања на тема: Безбедност и приватност на децата на интернет. На овие предавања беа присутни вкупно 70-тина ученици од 5-то, 7-мо и 8-мо одделение, поделени во две групи. Предавањата траеа по еден училишен час, а децата имаа можност да научат нешто повеќе, да се информираат за опасностите и ризиците на интернет, но и за тоа како да ја заштитат нивната приватност.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
24.12.2010. |
Во вторник, 28 декември, во 19:00 часот ќе се одржи промоција на 10 кратки филмчиња на теми поврзани со безбедноста и приватноста на децата на интернет, изработени во рамките на проектот „ Полесно до приватност на Интернет“.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
19.08.2010. |
 Во рамките на одбележување на Светскиот ден за побезбеден интернет (9 февруари) во ООУ Страшо Пинџур во Неготино во текот на месецот се одржа обука за учениците и родителите на оваа тема. Обуката ја реализираше Ѓорѓина Димова – наставник по информатика, служејќи се со материјалите достапни на веб-сајтот на Метаморфозис Безбедно на Интернет.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
28.06.2010. |
Минатиот петок (25.06.2010) во приватното училиште НОВА се одржа семинар на тема „Безбедност и приватност на интернет“, кој го проследија 20-ина учесници од наставниот и педагошкиот кадар. На настанот беше претставник од фондацијата Метаморфозис, а целта беше дискутирање на потенцијалните опасности на интернет, начините за нивно спречување и контролирање, особено во рамките на училиштето.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
28.06.2010. |
 Информатичко-комуникациските технологии (телефон, интернет, е-пораки, блогови и социјални мрежи) го олеснуваат секојдневниот живот и врските со нашите роднини, пријатели, па дури и со непознати лица. Овие технологии особено интензивно ги користат младите. Меѓутоа, ако не внимаваме, тие можат да нè доведат во ситуација да откриеме прекумерно количество лични податоци, олеснувајќи го надзорот на нашите приватни животи. Заштитата на личните податоци е од суштинско значење за почитувањето на приватноста.
Европската унија има воспоставено законодавна и регулаторна рамка која има за цел да обезбеди заштита на личните податоци на граѓаните како едно од нивните основни права. Каква е всушност реалноста во пракса и како ние самите можеме да се заштитиме во секојдневието?
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
22.04.2010. |
|
На 20 април, во салата на собранието на општина Кавадарци се одржа трибина на тема: Безбедно на интернет, од страна на локалната полициската станица, подржана од ОБСЕ. На трибината присуствуваа по 10-ина ученици од сите основни и средни училишта во општината на возраст 12-17 години, директорите и стручните служби од училиштата, советници од Бирото за развој на образованието, претставници на невладини организации и медиуми, како и уредници на локални веб-страници кои пишуваат за ноќниот живот во Кавадарци.
Гордана Богева, член на мрежата составена од обучени претставници на училишта и НВОи од Македонија, формирана во рамките на проектот „Заштита и безбедност на децата и нивните права на интернет“ одржа едукативна презентација на темата.
|
|
|
18.12.2009. |
 Во услови кога децата се секојдневно бомбардирани со информации и слики од разновидни и многубројни медиуми многу е важно да знаеме што децата прават со медиумите. За таа цел со анкетирање на намерен примерок од 212 родители на деца на возраст од две до шест години од Аеродром, Карпош, Чаир и Сопиште го истражував пристапот на малите деца до медиумската технологија во домот, фреквенцијата и времето на изложеност и навиките за користење на електронските медиуми. ( Прочитај го постот за истражувањето)
Истражувач: Викторија Димитровска
Автор на пост: Дарко Булдиоски
Датум на објавување: 17.12.2009
Извор: Комуникации
|
|
|
18.11.2009. |
 Психолозите и експертите за онлајн-медиуми се согласуваат дека младите не треба да се исклучат од виртуелната социјализација. Тие препорачуваат родителите да им постават насоки и граници на своите тинејџери (на минимум 16-годишна возраст), да ги научат на интернет-бонтон и така самите да се заштитат од потенцијални неволји. Сепак, на помалите деца местото за играње им е во парковите и на игралиштата
Извор: Нова Македонија
|
|
|