|
24.04.2009. |
Владата на канцеларот Ангела Меркел
вчера одобри нов закон, со кој на сите интернет-провајдери во Германија
им се наредува да ги блокираат сајтовите со детска порнографија.
Текстот треба да оди на одобрение во парламентот, што не би требало да
биде проблем, бидејќи коалицијата на Меркел ги контролира и двата дома
на парламентот, забележуваат агенциите. Според правилото, сите
провајдери што имаат над 10 илјади корисници, треба да ги блокираат
сајтовите... (прочитај ја веста - „Шпиц“)
|
|
|
25.03.2009. |
 Мајкрософт
неодамна го пушти во употреба новиот Windows Live Messenger наменет за деца. Истиот има интерфејс на
германски јазик, а најава за негова достапност на други јазици сè уште нема. Повеќе
за можностите на самата програма можете да прочитате во веб изданието на додатокот
„Колибри“, кој излегува секој вторник во дневниот весник „Нова Македонија“.
|
|
|
18.02.2009. |
 По завршувањето на проектот „Заштита и безбедност на децата и нивните права на интернет“, во основното училиште „Блаже Конески“ во Велес, се одржаа серија едукации за безбедно користење на интернет. Овие едукации беа организирани и спроведени од страна на самото училиште, а иницијативата потекна од двајцата наставници: Маја Ржарова и Илчо Ценев кои присуствуваа на заедничката обука за родители која се одржа во општинската сала во Велес.
Училиштето „Блаже Конески“ не беше опфатено со едукации во рамките на проектот.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
18.02.2009. |
 По повод денот на безбеден интернет, оваа година во ЕУ Инфо Центарот
беше организиран настан на кој неколку стручни излагачи ја запознаа
разнородната публика со начините на кои можеме да го направиме
интернетот, побезбедно место.
Настанот беше организиран како панел дискусија и беше поделен на два
дела. Во првиот дел, се претставија 4 излагачи: Патрик Пакет од
„Мисијата на Европската Унија“, Ирина Шумадиева од „ Фондацијата
Метаморфозис“, Елена Стојановска од „ Дирекцијата за заштита на личните
податоци“ (ДЗЛП) и Александар Токарев од ИТ компанијата „ Некстсенс“, додека
модератор беше Валентин Нешовски од Европската комисија.
|
|
Прочитај повеќе...
|
| |
|
|
14.01.2009. |
|
Поради зголемени стравувања дека мобилните телефони може да
предизвикаат рак и други заболувања, во Франција ќе се воведат нови
закони против употребата на мобилни телефони од страна на децата.
Поради зголемени стравувања дека мобилните телефони може да
предизвикаат рак и други заболувања, во Франција ќе се воведат нови
закони против употребата на мобилни телефони од страна на децата.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|