|
15.02.2010. |
 Замисли си онлајн средина во која можеш да се чувствуваш тотално безбедно, додека истовремено ги имаш сите можности за дружење, забавување и играње. Таква средина постои и згора на сè е место во кое сите се пингвини, а твоето приклучување ќе те направи и тебе еден од нив. Клубот на пингвините прима членови кои сакаат да бидат безбедни, кои ги почитуваат правилата за несподелување на лични податоци онлајн и кои не се служат со измама и навреди во комуникацијата со другите.
Објавено во: Колибри, Нова Македонија
Датум на објавување: 09.02.2010, вторник
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
22.01.2010. |
 Редовните читатели на оваа рубрика веќе сигурно добро ја знаат приказната за Џереми од Австралија и за неговиот онлајн пријател, кој наместо негов врсник, излегло дека е возрасен маж. Вистинската случка зад оваа приказна завршува со позитивен крај, но не значи дека така би се случило во секоја друга ситуација. Затоа треба да бидеме многу претпазливи со кого комуницираме онлајн, да знаеме до кој степен можеме да им веруваме на онлајн пријателите и кога и како треба да постапиме доколку онлајн пријателот од другата страна на мониторот не повика на средба.
Во минатите 2 броја на Колибри пренесовме дел од предлозите на
Австралиската влада за зголемување на безбедноста на младите на
интернет и намалување на потенцијалните опасности преку зголемување на
знаењето и свеста за истите. Во денешниот број завршуваме со последниот
предлог.
Објавено во: Колибри, Нова Македонија
Датум на објавување: 26.01.2010, вторник
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
22.01.2010. |
 Веројатно веќе ја имаш прочитано приказната за Џереми – момчето од Австралија кое мислејќи дека стекнатиот онлајн пријател е негов врсник, се доведе во многу опасна ситуација, која за среќа навреме беше сопрена од австралиската полиција. Во денешниот број, прочитај за втората мерка за зголемување на безбедноста на децата на интернет, што ја предлага австралиската влада, која ти треба да ја предложиш во твоето училиште. Потсети се и на првата мерка, која беше опишана во минатото издание на „Колибри“.
Објавено во: Колибри, Нова Македонија
Датум на објавување: 02.02.2010, вторник
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
22.01.2010. |
 Во минатиот број на „Колибри“, раскажавме една вистинска случка за момче од Австралија кое било заведено од непозната возрасна личност преку интернет, а која се претставувала како негов врсник. Ако ја пропушти приказната тогаш, истата можеш да ја најдеш на www.crisp.org.mk, како и во онлајн изданието на „Колибри“ , а во овој број, како што ветивме, ќе можеш да прочиташ за мерките и предлозите кои ги изнесува австралиската влада во проектот за заштита на децата од интернет опасностите.
Објавено во: Колибри, Нова Македонија
Датум на објавување: 12.01.2010, вторник
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
22.01.2010. |
 Иако интернетот можеш да го користиш за многу интересни и корисни работи како што се добивање информации за твоите училишни проекти, комуницирање со твоите блиски пријатели, онлајн учење, играње забавни видео игри и многу други работи, сепак треба да имаш на ум дека не секој се однесува морално и етички кога е онлајн. Треба да внимаваш каде и какви информации оставаш за себе и да бидеш претпазлив кога комуницираш во т.н. „соби за муабетење“ – да знаеш кому му се доверуваш, бидејќи личноста зад другиот монитор не секогаш е онаа која ти се претставува.
Следнава вистинска приказна зборува токму за лажното претставување во „собите за муабетење“, каде што грешката на едно малолетно момче можела да доведе до катастрофални последици.
Објавено во: Колибри, Нова Македонија
Датум на објавување: 05-07.01.2010, вторник-четврток
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
14.01.2010. |
 Интернетот е неисцрпен извор за сите наши потреби, желби и интереси, оние за кои знаеме и оние за кои не сме ни свесни. Сепак, често претставува проблем да се најде вистинското нешто во вистинскиот момент и за кратко време. Барајќи забавни и интересни содржини, можеме случајно да налетаме на порнографски, расистички, безобразни или друг тип на несоодветни и вознемирувачки содржини. Не срами се ако ти се случи ова, туку веднаш кажи им на родителите, тие ќе знаат што треба да направат. А за да бидеш сигурен дека вакво нешто нема да ти се случи, посетувај
само претходно препорачани извори на содржини за деца.
Објавено во: Колибри, Нова Македонија
Датум на објавување: 29.12.2009, вторник
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|