|
12.06.2004. |
Добрeдојдовте на веб-сајтот Безбедно на интернет или CRISP
(Children’s Rights on the Internet – Safe and Protected)!
Создаден е да придонесе кон поголема безбедност и заштита на правата и
приватноста на децата на интернет. Сајтот е дел од проектот Заштита и
безбедност на децата и нивните права на интернет (или скратено CRISP)
кој го спроведува Фондација Метаморфозис со финансиска поддршка од
Европската унија.
Овој веб-сајт содржи голем број корисни нешта за децата и тинејџерите,
нивните родители и наставници. Тука ќе најдете совети и насоки за
безбедно уживање во благодетите на интернетот, општи информации за
интернетот како медиум, можностите што ги нуди, опасностите што со себе
ги носи и начините како да се заштитиме од нив.
Содржините на овој веб-сајт се прилагодени на корисници од различни
нивоа (од оние кои што имаат минимално познавање од интернетот, до оние
кои се негови редовни корисници) како и на различни возрасни категории
(деца од основно училиште, тинејџери и возрасни).
|
|
|
|
7.02.2012. |
 Денес, 7 февруари 2012 година, е Ден на побезбеден интернет. Со текот на годините Денот на побезбеден интернет постана традиционален настан во календарот за онлајн безбедност. Започнувајќи како иницијатива на проектот на ЕУ, Безбедни граници,
во 2004 година, овој ден сега се обележува на 6 континенти, во повеќе од 70
земји ширум светот. Секоја година се избираат теми, од сајбернасилство до
социјални мрежи, кои се во согласност новите онлајн прашања и ги рефлектираат
тековните грижи.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
20.01.2012. |
На
17 јануари, 2012 година, во Њујорк Тајмс осамна напис на Мат Ричтел наречен „Млади, заљубени, споделуваат
сè,
вклучувајќи и лозинки“.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
20.10.2011. |
 Текстуалните пораки, друштвените мрежи и електронските пораки се модерни
начини на комуникација која ја користат денешните деца. Но, овие начини
на комуникација може да се злоупотребуваат со цел некој да го
вознемирува и плаши Вашето дете.
|
|
|
15.07.2011. |
За време на посетите на 8 градови во
Република Македонија, вклучително Скопје, Тетово, Гостивар, Битола,
Велес, Дебар, Неготино и Штип, во јуни 2011 година, при што се одржаа проекции кратките едукативни филмови и презентација на онлајн игри изработени како дел од проектот, беше спроведено истражување за навиките на
интернет кај децата.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
13.06.2011. |
|
По одржаните
проекции во Скопје, Штип, Велес и Неготино, оваа недела кратките едукативни
филмови изработени во рамките на проектот „Приватност на интернет на лесен
начин“ беа прикажани во Тетово, Гостивар, Битола и Дебар.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|